Search

Санчез: Насилни групи сакаат да продолжи кризата во Каталонија

Шпанската влада има информации што укажуваат дека постојат „насилни групи” кои сакаат да ја задржат Каталонија во состојба на криза, изјави денеска привремениот премиер Педро Санчез.

– Тие ќе наидат на цврст и пресметан одговор од државните безбедносни сили, рече Санчез за „Ла Секста”, коментирајќи ги протестите поради изрекувањето на казните за лидерите на каталонските сепаратисти.

Протестите, кои повремено ескалираа во насилства, избувнаа на 14 октомври, откако Врховниот суд во Мадрид осуди деветмина каталонски функционери на девет до 13 години затвор поради бунт и користење јавни пари за организирање референдум за независност во 2017 година кој беше забранет од Уставниот суд и последователното еднострано прогласување на независната република Каталонија.

Тројца службеници беа осудени на забрана за извршување јавна функција и парична казна.

 

Треба да знаете
Последни објави