Search

САД одбиваат да ги повлечат дипломатите од Венецуела

Американскиот државен секретар Мајк Помпе одби да ги повлече американските дипломати од Каракас, тврдејќи дека владата која ги прекинала дипломатските врски со САД не е легитимна и се закани со ‘соодветни мерки’ ако некој од нив биде загрозен, пренесува РТ.

„Ги повикуваме венецуелските воени и безбедносни сили да продолжат да ја штитат благосостојбата на сите венецуелски државјани како и на американските и другите странски државјани во Венецуела”, се вели во изјавата на Помпео.

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, во средата ги прогласи сите американски дипломати за персона нон грата откако Вашингтон го призна лидерот на опозицијата, Хуан Гуаидо, за претседател на земјата. Гуаидо, пак, рече дека сака американските дипломати да останат, отворајќи простор за потенцијален дипломатски инцидент.

Бидејќи САД не го признаваат ‘режимот’ на Мадуро, неговата наредба за отстранување на американските дипломати не е легитимна, тврди Помпео, додавајќи дека Вашингтон ќе одржува дипломатски односи со Каракас единствено преку владата на Гуаидо.

Откако администрацијата на Трамп ја призна владата на Гуаидо, голем број американски сојузници го следеа примерот, вклучувајќи ги и повеќето земји од ОАС и Канада. Лидерите на ЕУ, исто така, ја поддржаа бунтовничката влада.

Куба и Боливија му изразија поддршка на Мадуро, а Мексико соопшти дека ‘засега’ ќе продолжи да ја признава легитимноста на Мадуро. Портпаролката на руското МНР, Марија Захарова, рече дека американското ,,бирање” влада во Каракас совршено ги илустрира вистинските западни чувства кон меѓународните закон, суверенитет и немешање во внатрешните работи на државите.

Претседателот на парламентот на Венецуела, единствената институција контролирана од опозицијата, Хуан Гуаидо, синоќа се прогласи за преоден претседател на државата пред десетици илјади приврзаници во Каракас.

Треба да знаете
Последни објави