Skip to main content
Свет

САД објавија дека успешно тестирале суперсонична ракета

13/12/2024  21:22

Лансирање на суперсонична ракета без атомска боева глава неодамна било успешно изведено од Армијата на САД во соработка со воено-морските сили од базата на вселенските сили на Р’тот Канаверал во Флорида, соопшти денеска Пентагон.

-Суперсоничната едрилица достигна суперсонична брзина на целните растојанија и тоа демонстрира дека ние можеме да го предадеме тој потенцијал во рацете на борците, изјави Кристин Вормут, заменичка на министерот за одбрана САД.