Skip to main content
Балкан

САД загрижени за предлог законот за странски агенти во Србија

04/12/2024  18:08

Соединетите Американски Држави се длабоко загрижени за импликациите што предложениот закон за странски агенти во Србија би можел да ги има врз демократијата, човековите права и основните слободи, вклучително и слободата на изразување и здружување, се вели во одговорот на Стејт департментот за Радио Слободна Европа.

Се додава дека овие елементи се клучни за сите демократски институции и демократски системи.

Пратениците на Социјалистичкото движење, чиј основач е вицепремиерот на Владата на Србија, Александар Вулин, до Собранието поднесоа предлог-закон за посебен регистар на агенти на странско влијание. Според овој предлог-закон како „агенти“ се сметаат сите здруженија и непрофитни организации кои главно се финансираат или на друг начин се помагаат од странство.

Социјалистичкото движење е помал коалициски партнер на владејачката Српска напредна партија и српскиот претседател Александар Вучиќ.