Search

Рјабков: Русија и САД постигнаа напредок за контролата на оружје

Русија и САД постигнаа напредок во однос на контролата на вооружувањето за време на разговорите во Сочи, изјави денеска рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков  во интервју за ТАСС. Пред два дена во Сочи средба имаа рускиот претседател Владимир Путин и американскиот државен секретар Мајк Помпео.

– Што се однесува до темите од средбата од 14 мај во Сочи, би ги издвоил контролата на оружје, неговото неширење, кризата на целиот систем во таа сфера и перспективите за одржување на она што се уште функционира меѓу Москва и Вашингтон од аспект на ограничување и намалување на нуклеарното оружје, истакна Рјабков.

Според него има уште многу работи да се допрецизираат.

– По посетата на државниот секретар, ние во целост ќе решиме неколку прашања со цел да имаме основа врз која повторно можеме да почнеме дијалог за стратешката стабилност, појасни Рјабков.

Треба да знаете
Последни објави