Search

Руски воени авиони со војници слетале во Венецуела, никој не знае зошто

Два руски воени авиони слетале вчера на аеродромот во Каракас со високи офицери и стотина војници, објавил локален новинар. Една страница за следење летови, покажала дека два авиони во петокот полетале од руската воена база кон Венецуела, а друга пак дека еден авион денеска го напуштил Каракас.

Овие информациите се објавени три месеци откако двете држави одржаа заедничка воена вежба во Венецуела, која претседателот Николас Мадуро ја нарече зајакнување на билатералните односи, а САД го критикуваше руското мешање во тој регион.

Новинарот Хавиер Мајорка напиша на Твитер дека со првиот авион стигнал Василиј Тонкошкуров, шеф на стожерот на руските копнени сили, а дека другиот авион бил товарен со 35 тони материјал.

View image on TwitterView image on TwitterView image on TwitterView image on Twitter
Патнички авион Илјушин ИЛ-62 и воениот транспортер Антонов АН-124 полетале во петокот кон Каракас од воениот аеродром Чкаловски и на патот запреле во Сирија, според податоците на страницата „Флајтрадар 24“.

Товарниот авион го напуштил Каракас вчера утрото, покажала втората страница „Adsbexchange“.

Министерството за информации на Венецуела, како ни руското министерство за одбрана и за надворешни работи не одговориле на овие извештаи.

Треба да знаете
Последни објави