Search

Рускиот амбасадор во САД: Спогодбата за ликвидација на ракетите бара дополнителна проверка

Мултилатералниот мораториум на Спогодбата за ликвидација на ракетите со среден и со краток дострел бара дополнителна проверка, изјави рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов, во интервју за американското списаниес „Армс контрол тудеј“.

„Сметаме дека мултилатералниот мораториум, кој го предложи руската страна, бара дополнителни мерки за проверка, особено имајќи предвид дека системите за лансирање ракети од среден дострел веќе се разместени во Романија, а наскоро се очекуваат и во Полска“, истакна Антонов.

Тој нагласи дека САД не им претставиле ниту на Русија ниту на меѓународната заедница докази дека руските ракети 9M729 ја прекршиле Спогодбата за ликвидација на ракетите со среден и со краток дострел.

На 2 август минатата година престана да важи Спогодбата за ликвидација на ракетите со среден и со краток дострел. САД ги искористија руските ракеи од типот 9M729 „Новатор“ како изговор за повлекување од историската спогодба.

Треба да знаете
Последни објави