Skip to main content
Свет

Русите тврдат дека ја погодиле базата на странски платеници во Запорожје

20/10/2024  12:01

Руските сили погодија база во која се сместени украински војници и странски платеници во делот на регионот Запорожје кој е под контрола на Украина, изјави Сергеј Лебедев, координатор на локална проруска мрежа.

Лебедев изјави дека, според прелиминарните податоци, повеќе од 60 луѓе се ранети, а околу 20 се убиени.

– Во Запорожје беше погодена база на украинските вооружени сили со странски платеници. Поддржувачите на Бандера и странските платеници беа подготвувани и распоредени од воени единици за изведување офанзивни операции во правец на Запорожје – рече Лебедев.

Тој додаде дека во базата имало и мало складиште за муниција и дека првичната детонација ја предизвикала нејзината експлозија.

Најмалку десет лица се повредени вечерва кога руските сили го погодија центарот на градот Запорожје на истокот на Украина, кој е под контрола на Киев, објави регионалниот гувернер Иван Федоров.

Тој на својот канал Телеграм изјави дека руските сили извршиле два напади врз тој град, пренесува Интерфакс Украина.

Како што се наведува, во нападот биле користени противтенковски ракети.