Search

Роскосмос и НАСА преговараат за летовите на Меѓународната вселенска станица

Вселенските агенции на Русија и САД, Роскосмос и НАСА, преговараат за меѓусебно обезбедување места на летовите до Меѓународната вселенска станица (ISS), изјави денеска претставникот на Роскосмос во Казахстан, Анатолиј Красников.

– Зборуваме за ситуација кога руските космонаути ќе летаат со американски вселенски летала, а американските астронаути ќе продолжат да летаат со нашите вселенски летала. Јасно е дека ова претставува итна потреба, бидејќи гледаме дека се појави нов систем на пренесување човечки екипи до Меѓународната вселенска станица, рече Красников на прес-конференција.

Тој додаде дека членовите на екипажот на Вселенската станица мора да бидат во можност да работат и со рускиот и со американскиот транспортен систем за да обезбедат взаемна поддршка

Според него, постои интерес од двете страни.

Во име на Роскосмос, Красников им честиташе на своите американски колеги за успешното лансирање на вселенскиот брод „Кру драгон”, односно неговото слетување на Меѓународната вселенска станица, кое помина без потешкотии.

– Им честитаме од срце, тоа е навистина голем успех за нив и нешто фантастично, рече Красников. 

Треба да знаете
Последни објави