Search

Род Стјуарт најстар машки изведувач на врвот на топ-листата на албуми во Британија

Сер Род Стјуарт стана најстариот машки соло уметник кој има албум број еден во Велика Британија.

Хитот на британски пејач кој беше на врв на топ листата You’re In My Heart беше објавен на 22 ноември.

Но, песната се искачи на првото место оваа недела во тесна трка – со разлика од само 750 во продажба – помеѓу Сер Род Стјуарт, Роби Вилијамс и The Who.

Сер Род, кој има 74 години и 11 месеци, му го одзеде признанието на американскиот пејач Пол Сајмон.

Тој го претрка Сајмон за три месеци, соопшти компанијата што ги составува табелите на тол-листите, Official Charts Company.

Но, Сер Род има уште многу за да ја претрка најстарата жена изведувач на топ листите на албумите. Дамата Вера Лин стана број еден во Велика Британија во 2014 година кога имаше 97 години со компилација на песни: Национално богатство.

„Нова влада и нов број еден за Сер Род. Им благодарам уште еднаш на моите легии фанови кои никогаш нема да го земам здраво за готово,“ рече Сер Род.

Најновото издание на Сер Род е оркестарски албум во кој има нови верзии на некои од неговите класични нумери, вклучувајќи ги и Sailing и  I Don’t Want to Talk About It.

Треба да знаете
Последни објави