Search

Роднините на повредените пред ГОБ „8 септември“ во очекување да чујат вести за најблиските

Голем број роднини на повредените вечерва чекаат пред Градската општа болница „8 Септември“ во очекување да чујат вести за своите најблиски.кои беа повредени во трагичната сообраќајна несреќа што вечерва се случи кај скопското село Ласкарци.

Официјалните информации се дека загинати се 13 лица, но голем е бројот на тешко повредените, а семејствата тешко доаѓаат до информации.

Директорот на болницата, Христијан Костов ги читаше имињата на повредените кои се згрижени тука.

Тој не скаше да го открие идентитетот на настраданите, бидејќи нивната идентификација и обдукција е во тек.

Роднините рекоа дека нема да си заминат од тука сѐ додека не слушнат вести и за последниот патник од автобусот кој падна во бездна.

Загинаа 13 патници, а неколкумина се во тешка состојба.

Министерот за здравство, Венко Филипче вечерва беше во посета на Ургентниот центар и на Градската болница 8ми Септември, каде се интересираше за состојбата на повредените во несреќата. Тој претходно изјави дека има 13 загинати во автобуската несреќа на автопатот Скопје – Тетово.

Треба да знаете
Последни објави