Search

Рангник ќе остане менаџер на Манчестер јунајтед

Манчестер јунајтед се блиску до одлуката да му ја доверат менаџерската позиција на Ралф Рагник, тврдат британските медиуми. За потсетување, Германецот, во декември минатата година го наследи Оле Гунар Солскјер. Тој тогаш доби статус привремен менаџер, договори со клубот по завршувањето на сезоната да стане советник во клубот.

Манчестер јунајтед со Рангник, шест победи, три нерешени и еден пораз во Премиер лигата. Тимот, се врати во борбата за местата кои водат во Лигата на шампионите.

Клупските челници биле задоволни од резултатите и играта, поради што биле многу блиску до одлуката да му понудат постојан договор на Рангник.

Носењето на конечната одлука сигурно ќе зависи и од тоа како ќе се одвиваат преговорите со кандидатите за позицијата на која сега се наоѓа Германецот. Три имиња најчесто се поврзуваат со Манчестер јунајтед: Маурисо Покетино од ПСЖ, тренерот на Ајакс Ерик тен Хаг и актуелниот селектор на Шпанија, Луис Енрике.

Треба да знаете
Последни објави