Search

Радев: Посетата на Радев на Скопје беше избрзана, ОМО Илинден се сепаратисти

Според претседателот на Бугарија, Румен Радев, посетата на премиерот Кирил Петков на Република Северна Македонија беше избрзана.

-За жал постапките и однесувањето на претседателот на Република Северна Македонија не придонесуваат за толку посакуваниот напредок на РСМ кон ЕУ. Секое барање за реципроцитет во граѓанските права е контрапродуктивно. Македонските Бугари се борат за еднаквост, која ќе биде загарантирана во нивниот устав со регистрирање. Тие се борат за нивна целосна интеграција во јавниот живот на државата. Тоа е радикално различно од сепаратистичките ставови и малцинските тврдења што ги исповедува народот со кој се среќава претседателот Пендаровски. Секоја избрзана постапка на бугарската влада, секој позитивен сигнал може погрешно да се протолкува како некакви отстапки од бугарска страна. Посетата на премиерот беше избрзана, имав искрени разговори со него, изјавил Румен Радев, пренесува бугарскиот медиум БГНЕС.

Според него, бугарската дипломатија мора целосно да го искористи својот професионален капацитет, да не верува во надворешната експертиза, на невладините организации и да не подлегнува на надворешниот притисок.

-Бугарија цело време иницираше дијалог. Кога политичарите на РСМ ги обиколија европските метрополи, ја избегнуваа Софија, но мило ми е што овој дијалог почнува да се случува. Во контакт сме со претседателот Пендаровски. Ќе бараме соодветен момент за средба на високо ниво, се разбира, зависи и од неговите постапки, додал Радев, пренесува БГНЕС.

Треба да знаете
Последни објави