Search

Путин: Прославата на 75-годишнината од победата над фашизмот ќе биде најважен настан во 2020 година

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека, според неговите очекувања, најважен настан во следната година да биде одбележувањето на 75-годишнината од победата над нацистичка Германија во Втората светска војна.

-Можам да кажам што ќе биде најважното нешто во следната година. Тоа е 75-годишнината од победата во Големата татковинска војна, а тоа ни е очигледно на сите, рече Путин, пренесен од руските медиуми.

Според него, годината во заминување била работна.

„Важно е да се проанализира се што се случи во годината во заминување, а потоа ќе можеме да кажеме што беше најважниот настан во животот на земјата на секој човек”, рече Путин пренесува Б92. нет.

Рускиот претседател додаде и дека кога ќе почне новиот ден, тој заборава како завршил претходниот, напоменувајќи дека е така и со секоја нова година.

Треба да знаете
Последни објави