Search

Пукање пред кафеана во Аеродром

На 20.09.2020 во 01.28 часот во СВР Скопје, А.С.(46) од Скопје пријавил дека во близина на угостителски објект на бул.„Јане Сандански“ во Скопје, едно лице во два наврата во воздух испукало проектили од огнено оружје.

Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото на настанот и биле пронајдени три чаури од огнено оружје, кои се подигнати од екипа од СВР Скопје за понатамошна постапка. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. Се работи на расчистување на случајот

Од МВР информираат и дека вчера околу 16.00 часот во СВР Скопје, И.П.(48) од Скопје пријавила дека околу 15.55 часот, во куќа на улица Партизански пат во Драчево забележала залутано зрно од огнено оружје, кое не предизвикало никакво оштетување.

Од екипа од СВР Скопје зрното е подигнато.

Треба да знаете
Последни објави