Search

Протест во Битола против полициско насилство

Со скандирање „Нема правда, нема мир” почнаа од местото каде што се случи инцидентот, во близина на Pоштата во Битола каде според видеото кое се рашири на социјалните мрежи, полициски службеник тепа граѓанин од ромска националност после направена сообраќајка.

Со транспаренти „Стоп за полициската бруталност”, „Едно општество за сите” преку Широк Сокак дојдоа до зградата на полицијата и упатија порака – вакво насилство никогаш да не се повтори.

По денешниот протест на Ромите во Битола против полициската бруталност, на социјланите мрежи за во среда се најавува контрапротeст за поддршка на полициските службеници од СВР Битола кои се суспендирани од работните места.

Инаку, МВР вчера поднесе кривична пријава против полицаецот од СВР Битола за малтретирање при вршење на службата. Исто така, против него и против неговиот колега кој бил присутен на настанот, а не,го спречил насилството, покренати се дисциплински постaпки и суспендирани се од работните места

Треба да знаете
Последни објави