Skip to main content
Балкан

Просветниот синдикат на Србија се солидаризира со студентските барања

13/12/2024  19:37

Републичкиот одбор на просветниот синдикат на Србија соопшти дека на денешната седница зазел став за солидарност со студентските протести и поддршка на барањата кои се и барања на Синдикатот, а се однесуваат на „воспоставување и интензивирање на ефективен социјален дијалог, подобрување на материјалната положба на високообразовните институции и сите вработени на факултетите и високите школи“.

Тие наведоа дека не прифаќаат никакво политизирање на легитимните и оправдани барања кои, како што рекоа, се исклучиво насочени кон подобрување на материјалната положба и условите за работа на вработените во образованието, но и на општеството во целина.

„Синдикатот за образование на Србија, заедно со другите репрезентативни синдикати, штрајкува од почетокот на ноември и продолжува со своите активности со цел спроведување на потпишаниот Протокол, подобрување на финансиската состојба на сите вработени во образованието и враќање на угледот на нашата професија и образовните институции во општеството“, се вели во соопштението што го пренесува Бета.