Search

Променливо облачно со температури до 17 степени

Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно, во јужните делови со услови за повремен слаб дожд. Во текот на денот облачноста делумно ќе се намали. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне од 10 до 17 степени.

Во Скопје, претпладне променливо облачно, во текот на денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 14 степени.

Треба да знаете
Последни објави