Search

Променливо облачно со температура до 16 степени

Времето денеска ќе биде променливо облачно, во источните делови со подолги сончеви периоди, а во западните ќе има зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 16 степени.

Во Скопје ќе биде умерено облачно со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 12 степени.

Утре ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради спуштање на постуден воздух, попладне и во вечерните часови врнежите ќе преминат во снег и на некои повисоки места. Наутро по котлините ќе има услови за појава на магла. Потоа во наредните денови ќе преовладува стабилно време со пониски утрински температури

Треба да знаете
Последни објави