Search

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Времето попладне и во ноќните часови ќе биде променливо облачно и релативно топло со повремени врнежи од дожд. На повеќе места ќе дува засилен, повремено силен јужен ветер, над 70 километри на час.

Како што информираат од УХМР, попладне, во текот на ноќта и утре претпладне на места во источните делови врнежите ќе бидат поројни, над 35 литри на метар квадратен, проследени со грмежи, а локално ќе има услови за краткотрајно невреме.

Од ноќните часови поради заладувањето на планините и на некои повисоки места во западните делови врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка.

Во Скопската котлина во текот на денов ќе дува засилен ветер од југоисточен правец. Ќе има повремени врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во текот на ноќта и утре претпладне.

Треба да знаете
Последни објави