Search

Промена на сообраќајниот режим на патот Струмица-Дабиле

Од “ВИАДУКТ Трејд” известуваат дека согласно одобрението, утре ќе се започне со изведување на геодетско снимање и геомеханички истражни работи на магистрален пат А2, делница Струмица-Дабиле, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќајот, од 05:00 до 12:00 во времетраење од 5 работни дена.

Како што информира АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Треба да знаете
Последни објави