Search

Продолжува одличната соработка на Општина Чаир и ЈП “Паркови и зеленило”: Нови инвестиции за позелен Чаир

Како резултат на одличната соработка помеѓу Општина Чаир и Јавното Претпријатие “Паркови и Зеленило” предводено од страна на директорот Ардијан Муча, до сега се има реализирано одлична работа низ територијата на Чаир, за создавање на нови парковски површини таму каде некогаш не постоеja и за уредување на постоечките паркови. За координирање на следната инвестиција која се однесува на реконструкцијата на големиот парк во населба Топанско Поле, Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу се сретна со директорот на ЈП “Паркови и Зеленило” г-дин Ардијан Муча и советникот на Советот на Општина Чаир г-дин Менсур Цури , кои во присуство на граѓаните ја изразија силната волја за продолжување на работата за зачувување на угледот на Чаир како најзелена општина.

Координираното дејствување се заложија дека ќе го продолжат потпишувајќи меморандум за соработка којшто предвидува дека ЈП “Паркови и Зеленило” ќе се погрижи за реконструкција и хортикултурно уредување на јавните зелени површини и садење на цвеќиња и садници, додека Општина Чаир за поставување на урбана опрема (парковски клупи и корпи за отпадоци), за уредување на пешачките патеки, за одржувањето на парковското осветлување, за создавање на детски простор за играње и креирање на нови фитнес зони на отворен простор.

Треба да знаете
Последни објави