Search

Продолжен е рокот за поднесување на апликации за претквалификација за избор на најповолен понудувач за проектирање и изградба на постројка за третман на отпадни води Скопје за град Скопје

Со потпишување на Договорите помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Европската Инвестициона Банка и Европската Банка за Реконструкција и Развој се затвори финансиската конструкција за Проектот за Изградба на Пречистителна Станица на град Скопје. Во согласност со одредените фази за имплементација на капиталниот проект ПСОВ – Скопје, во вредност од 136.000.000 евра, ЈП Вововод и канализација – Скопје работи на реализација на истиот, што е доказ за заложбите за унапредување на условите за живот за сите граѓани како и инвестирањето во високо квалитетна животна средина.

Во моментов тече рокот за поднесување апликации за претквалификации за избор на најповолен понудувач за проектирање и изградба на постројка за третман на отпадни води Скопје. До сега околу 50-тина компании појавија интерес за превземање на документите за аплицирање. Со цел да се излезе во пресрет на потенцијалните апликанти и заинтересеирани страни, рокот за поднесување на апликациите се продолжува, па наместо на 17.08.2020 истиот истекува на 01.09.2020 во 12 часот по локално време. Официјалната објава на Поканата за претквалификација за избор на најповолен понудувач за проектирање и изградба на постројка за третман на отпадни води Скопје, може да се најде на официјална платформа  на Европската Инвестициона Банка https://ted.europa.eu/udl?uri=TED:NOTICE:290799-2020:TEXT:EN:HTML&src=0. Ги повикуваме сите компании, кои ги исполнуваат условите, да аплицираат за  претквалификација за избор на најповолен понудувач за проектирање и изградба на постројка за третман на отпадни води Скопје. Документите за претквалификација може да се добијат во канцеларијата на Проектната единица за имплементација на Проектот за ПСОВ – Скопје, во Дирекцијата на ЈП Водовод и канализација – Скопје, ул. Лазар Личеноски бр. 9. На барање на заинтересираните страни, документите може да бидат пратени и електронски во пренослив или отворен формат на wwtp-project@vodovod-skopje.com.mk.  Крајниот рок за поднесување на апликациите, согласно барањата и критериумите наведени во Поканата,  е 01 септември 2020 година до 12:00 часот (по локално време). Заинтересираните страни кои ќе испратат електронска апликација до 01.09.2020, најдоцна до 14.09.2020, 12 часот (по локално време) ќе треба да ја достават апликацијата и во печатена форма. Со цел зголемена транспарентност, апликантите ќе можат да го следат отворањето на апликациите преку преку видео конференциска врска.

 

Треба да знаете
Последни објави