Search

Прогласени победниците на годинешното онлајн издание на „Делчево Фест 2020″

Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев” од Делчево ги соопшти имињата на победниците на годинешниот 44. Меѓународен музички и фолклорен фестивал „Делчево Фест 2020″. Првото место од стручното жири како што информираше стручниот раководител и координатор и припадна на Фолкорната група „Копачка” од село Драмче, Делчево.

-На фестивалот „Делчево Фест 2020″ кој годинава се одржа онлајн учествуваа музички групи, фолклорни друштва и ансамбли како од Македонија така и од неколку земји од Балканот и Европа. Стручното жири годинава реши првата награда да ја добие Фолкорната група „Копачка” од село Драмче, Делчево која на фестивалот се претстави со изворен фолклор. Годинава имавме повеќе награди при што за споменување е и првата награда од публиката која реши за првонаградени да ги прогласи претставниците од Друштвото за култура „Каблови” од Јагодина, Р Србија, информираше Реџепов.

На фестивалот организаторот додели и неколку специјални награди.

-Специјалната награда како организатори годинава ја доделивме на КУД „Кочо Рацин” од Скопје кои ќе бидат специјални гости на 45 јубилејно издание на „Делчево Фест 2021″ кои воедно ќе го отворат фестивалот. Од останатите награди првонаградени за најдобра сценска изведба се членовите на кУлтурно-уметничкото друштво „Тернипе МК” од Делчево. За сите учесници како органзизатори обезбедивме благодарници и признанија, додаде Реџепов.

Гран при наградата на „Делчево фест 2020″ според мислењето на стручното жири и публиката годинава му припадна на Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев”. Фестивалот годинава беше организиран во соработка со Општина Делчево и градоначалникот Горан Трајковски, под покровителство на Министерството за култура на Република Северна Македонија.

Треба да знаете
Последни објави