Search

Притвор за камионџијата од Јосифово во чиј камион беа откриени 100 кг марихуана

 

Осомничениот управувал со  товарно моторно возило „даф“, со бугарски регистарски ознаки, со прикачена приколка „тирсан“ со македонски регистарски ознаки. При претресот на возилото на граничниот премин „Табановце“ биле пронајдени 90 пакувања наркотична дрога марихуана со тежина од 120 килограми, еден пиштол „MAUSER“ калибар 7,65 мм, една рамка за пиштол со шест куршуми калибар 7,65 мм и еден пригушувач за пиштол.

Јавниот обвинител кој постапува во предметот донесе Наредба за спроведување истражна постапка против осомничениот, за кого поднесе и предлог до Основниот суд Куманово за определување на мерката притвор. Судијата на претходна постапка со решение на осомниченото лице му определи притвор во траење од 30 дена.

Треба да знаете
Последни објави