Skip to main content
Магазин

Природни лекови за киселини во желудник: Ефикасни рецепти без лекови

18/10/2024  23:30


Доколку често страдате од киселини во желудникот, не мора секогаш да се потпирате на фармацевтските лекови. Желудочната киселина е силна, но во здравиот желудник создава заштитен слој кој е важен за нормалното функционирање на органите. Ако сепак почувствувате некакви тегоби, можете да се обидете со неколку природни лекови кои ќе ви помогнат да го намалите нивото на киселина и да ја ублажите болката.

  1. Лек со босилок
    Кога ќе ги почувствувате првите симптоми на зголемена киселина, измијте и џвакајте неколку лисја од босилок. Ако не го сакате вкусот, може да сварите 3-5 лисја босилок и да ги ставите во шолја, додавајќи мед за благо заслажување. Овој чај е природен начин да ја намалите киселината и да ја ублажите непријатноста во желудникот.
  2. Напиток со цимет
    Циметот е еден од најпознатите природни лекови за подобро варење, а исто така помага и при проблеми со желудочната киселина. Загрејте чаша вода и додадете една лажица цимет во неа. Оставете го да проврие неколку минути, а потоа тргнете го од оган и оставете да се излади. Пијте го овој чај три пати дневно за да го намалите лачењето на киселина.
  3. Каранфилче како лек
    Каранфилчето е моќен зачин кој помага во намалувањето на киселината и елиминирање на гасовите. Чајот од каранфилче е ефикасен против киселини и помага при проблеми со лош диш, а исто така се користи и за намалување на холестеролот. Направете чај од каранфилче и редовно консумирајте го за да ги намалите тегобите.

Со овие природни лекови можете да ги ублажите симптомите на киселини и да имате помалку потреба од фармацевтски препарати.