Search

Прилагодено патувачко искуство достапно во мрежата на WIZZ AIR и пошироко

WIZZ AIR, најбрзо растечката и најзелена авиокомпанија во Европа, објави дека ги проширува своите чартер сервиси за да понуди домашни и интернационални чартер летови на тековните пазари на WIZZ AIR и пошироко. Услугата е достапна за корпоративни патувања, тури со повеќе застанувања и вклучува целосно прилагодлива услуга.

За време на овие тешки времиња, удобните опции за патување станаа поважни од кога било. Чартер-услугата на WIZZ AIR обезбедува крајна флексибилност за организациите кои сакаат да превезуваат групи до 239 патници, без грижи околу изборот на услугата, рутата и распоредот што одговара на нивните потреби. Без оглед дали превезува вработени за деловни состаноци, превезување на спортски тимови помеѓу турнири или враќање на блокирани туристи назад во нивната матична земја, чартер-услугата обезбедува погодно и прилагодливо решение за секоја голема група. Именувана како авиокомпанија за 2020 година, WIZZ AIR е најзелениот избор при патувања со авион што можат да го направат патниците, со своите чартер услуги управувани од младо и модерно семејство на авиони А320 и А321. Ова, поврзано со разновидна мрежа на рути што се протега низ Европа и пошироко, како и конкурентни цени, го прави WIZZ AIR различен од другите чартер услуги.

Овие персонализирани чартер летови се додаваат на постојните услуги на WIZZ AIR. Од март, WIZZ AIR има извршено над 50 летови за враќање назад, враќајќи над 3.600 патници дома. George Michalopoulos, главен комерцијален директор на WIZZ AIR, изјави:Возбудени сме што понатаму ја развиваме нашата услуга за чартер летови, нудејќи им на организациите комплетно прилагодливо, ефикасно и флексибилно патничко искуство. За време на оваа предизвикувачка година, ние ги искористивме нашите операции за поддршка на напорите за репатријација. Сега ја прошируваме оваа услуга со поддршка на поголеми групи, од спортски тимови и оркестри до бизниси и владини агенции. Нашиот високо обучен, пријателски екипаж со нетрпение очекува да ги пречека патниците на нашиот модерен, ултра-ефикасен авион, за да ја доживеат одличната услуга на Wizz Air.”

Контакт за барања за чартер-летови: special.flights@wizzair.com

Треба да знаете
Последни објави