Skip to main content
Скопје

Приватните превозници продолжуваат со бојкотот на возниот ред

04/11/2024  13:11

Ситуацијата со хаосот во градскиот превоз во Скопје останува алармантна.

MK Summit

Одлуката на приватните превозници да возат само по 17 часот останува на сила по неуспешниот обид барањето да се зголеми цената за изминат километар да се најде на дневен ред.

Додека градски власти во обидуваат да го решат проблемот, граѓаните остануваат да чекаат автобуси.

Ги преживеаа летните горештини, а сега ќе мора да чекаат и на ниски температури чекајќи превоз на автобуските постојки.

Меѓувреме се разви дебатата околу информацијата дека Белград планира да донира автобуси од марката „Соларис“ на Скопје, а тамошните претставници велат дека доколку има таква одлука тоа би значело дека жителите на Белград ќе останат речиси исклучиво со кинески и турски возила.

Ова за Телма го истакна директорот на Центарот за локална самоуправа и поранешен градски советник, Никола Јовановиќ кој оцени дека ваквата одлука не е добра за никого.