Search

Приватниот авион на Орбан одлетал за Белград, еден ден откако Груевски објави дека побарал азил во Унгарија

Приватниот авион на Орбан одлетал за Белград, еден ден откако Груевски објави дека побарал азил во Унгарија

Луксузниот приватен авион што го користи унгарската владејачка и бизнис-елита, меѓу кои и премиерот Виктор Орбан, откако неколку недели бил приземјен во Виена, рано утрото во средата, 14 ноември, полетал за Белград, а потоа се вратил во Будимпешта. Летот за Белград се случил еден ден откако македонскиот поранешен премиер објави на „Фејсбук“ дека се наоѓа во Будимпешта и дека побарал политички азил од тамошните власти, објави унгарскиот портал „Атлацо“.

Порталот во септември објави дека владејачката елита, вклучувајќи го и Орбан, користи сосема нов луксузен приватен авион „Bombardier Global 6000“ вреден 53 милиони евра. Орбан бил фотографиран како слетува со авионот во Будимпешта враќајќи се од фудбалски натпревар во Бугарија. Порталот пишува дека сопствеништвото на авионот не е познато и дека е регистриран во Австрија. „Алацо“ објавува дека открил неколку врски помеѓу авионот и Лоринц Мезарос, близок пријател на Орбан.

„Сепак, Владата сугерира дека авионот на некој начин е контролиран од друг бизнисмен, Иштван Гаранци, и дека тој всушност го кани Орбан да лета со него. Кога во Парламентот Орбан беше прашан дали е легално и соодветно за него да прифаќа летови со луксузен авион, неговиот одговор беше: ‘Така патував во изминативе 30 години, и така ќе продолжам да патувам и во следните недели’“, пишува „Алацо“.

Треба да знаете
Последни објави