Search

Претседателот на ЕП смета дека Мусолини направил позитивни работи за Италија

Претседателот на Европскиот парламент, Антонио Тајани, кој неодамна за Истра и Далмација рече дека се италијански, предизвика нова бура на критики откако наводно изјавил дека фашистичкиот диктатор, Бенито Мусолини, направил позитивни работи за Италија, пренесе порталот „Политико.еу“.

Италијанските медиуми објавија дека Тајани во интервју за популарната радио емисија „Ла Канчара“ изјавил:

„Мусолини? Додека не објавил војна против целиот свет следејќи го Хитлер, додека не донел расистички закони и доколку гo исклучиме драматичниот настан во врска со (лидерот на социјалиститe) Матeоти (кој бил убиен од режимот), тој направил позитивни работи за изградба на инфраструктурата во нашата земја“, истакнал Тајани.

Треба да знаете
Последни објави