Skip to main content

Негуватели поврзани со црквата сексуално злоупотребувале деца, мајките биле принудени да ги дадат своите деца на посвојување, а пациентите биле смирувани со електрични шокови додека биле врзани за нивните кревети.

Луксон денеска се извини во име на последователните влади кои ги затворија очите пред овие злоупотреби.

-Жал ми е што никој не ви поверува кога дојдовте да го пријавите насилството, изјави новозеландскиот премиер пред парламентот.

„Некои од вас можеби мислат дека моите зборови не вредат многу по сето ова време и страдање. Но, се надевам дека денес, со ова извинување и со признавањето на вашиот товар, ќе биде малку полесно за некои од вас“, додаде Луксон.

Тој го спомена случајот со психијатриската болница Лејк Елис на северот од земјата, каде што се вршеа стерилизации без знаење на пациентите, неетички медицински експерименти и казни за електричен шок.

Многу жртви пријавуваат трајна траума што можеби довела до проблеми со зависноста. Истрагата заклучи дека дел од насилството е поврзано со расизам врз домородното население Маори.