Search

Прегазил старица на паркинг во Капиштец па избегал

На 22.01.2010 во 10.00 часот на излез од подземниот паркинг на Трговскиот центар Капиштец и сервисната улица која ги поврзува улиците „Народен фронт“ и „Васил Ѓоргов“ во Скопје, едно возило удрило во пешакот Е.Р.(80) од Скопје, по што го напуштило местото на незгодата.

Во незгодата, Е.Р. се здобила со тешки телесни повреди, по што била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави