Search

Прегазил моторџија па избегал

Вчера во 20:20 часот било пријавено дека на крстосницата од улиците Мице Козар  и  11 Октомври  во Прилеп се случила сообраќајна незгода помеѓу автомобил „мерцедес”, со прилепски регистарски ознаки, управувано од непознат возач, и мопед „хамачи”, со прилепски регистарски ознаки, управуван од Р.Т.(43) од Прилеп.

Возачот на автомобилот по незгодата избегал, а Р.Т. со тешки телесни повреди е пренесен во Градската општа болница Прилеп.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Прилеп и се работи на расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави