Search

Прегазен старец во Прилеп

Прилепчанец прегазил старец, вчера во Прилеп, информираше МВР.

На 13.11.2018 година во 12,10 часот било пријавено дека во Прилеп на улицата „Александар Македонски“ патничко моторно возило „Рено Клио“ со битолски регистерски таблици управувано од Ј.Ф. (23) од Прилеп удрило во пешакот Б.К. (72) од Прилеп. Пешакот бил пренесен во Општата болница во Прилеп каде од страна на лекар констатирана била смрт.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Прилеп и се работи на целосно расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави