Search

Прв концерт на новоформираниот Албанскиот ансамбл на народни ора и песни во РМ

Министерот за култура Асаф Адеми синоќа во Домот на АРМ присуствуваше на првиот концерт на новоформираната национална установа „Албански ансамбл на народни ора и песни во Република Македонија”.

Пред почетокот на концертот, како што соопшти Министерството за култура, Адеми во своето обраќање пред гостите истакнал дека формирањето на овој професионален ансамбл е само уште една потврда за грижата во негувањето на играорната, вокалната и вокално-инструменталната фолклорна традиција на албанската заедница во Република Македонија.

Воедно, тој го изразил своето уверување дека ансамблот и во иднина ќе биде достоен репрезент на албанскиот фолклор, традиција и култура не само во земјата, туку и во светот.

Установата „Албански ансамбл на народни ора и песни во Република Македонија” е формирана во март годинава.

Треба да знаете
Последни објави