Search

Прв академски час на АУЕ-ФОН

Американскиот универзитет на Евроопа – ФОН денес го одржа првиот академски час за оваа учебна година, а на онлајн- церемонијата на новите студенти (бруцоши) им се обрати в.д. ректорот професор д-р Љубомир Фрчкоски, кој ги повика студентите да учат на едно од најдобрите места.

„Да учиме заедно и да создаваме култура и моќ од знаењето, да создаваме заедница, која ќе биде просветлена со хуманизам, солидарност и знаење“, порача тој.

Во време на кризата предизвикана од панедмијата на коронавирусот АУЕ-ФОН е единствен универзитет кој за една третина има зголемен број уписи на студенти во однос на минатата година.

„Се соочуваме со многу предизвици, но и покрај тоа, верувам во иднината на Американскиот универзитет на Европа – ФОН, како и во нашата мисија, затоа што знам дека можеме заеднички да придонесеме за трансформација на иднината на луѓето“, изјави претседателот на управниот одбор, професор д-р Рејмонд Аикики.

АУЕ-ФОН ја почна оваа учебна година 2020/2021 трансформиран во согласност со најсовремените американски образовни стандарди, кои нудат флексибилни, либералени и просперитетени студии ставајќи го студентот во фокусот на интересот.

Треба да знаете
Последни објави