Search

Првични резултати: Стево Пендаровски ќе биде новиот претседател

Стево Пендаровски ќе биде новиот претседател на Република Северна Македонија, покажуваат првичните резултати од денешниот втор круг на претседателските избори.

По преброени 97,67 отсто од гласовите Пендаровски освоил 51,85 проценти или 422.282 гласа, а неговиот противкандидат Гордана Силјановска Давкова 44,56 отсто или 362.907 гласови.

Неважечки ливчиња се 29.306 или 3,60 отсто.

На обработените избирачки места денеска гласале 814.495 граѓани, односно имало одзив од 46,42 отсто.

Треба да знаете
Последни објави