Search

Почина полскиот градоначалник кој беше прободен со нож во срцето

Градоначалникот на полското пристаниште Гдањск, Павел Адамович, беше нападнат со нож во неделата вечер на добротворен настан. Како што објави „Би-би-си, тој денес почина од повредите.

Градоначалникот веднаш по нападот откако беше прободен со нож во срцето, беше пренесен во болница каде што дежурниот лекар Јержи Карпински ја оцени неговата состојба за „многу сериозна” и беше подложен на операција, објави полската новинска агенција ПАП.

Нападот се случи пред неколку стотици луѓе на добротворна акција на која се собираа пари за да се купат медицински уреди. Напаѓачот беше уапсен од полицијата, според портпаролот тоа е 27-годишен жител на Гдањск.

Видеоснимката на „Јутјуб“ покажува човек како скока на сцената, го зграпчува микрофонот и вели дека претходната влада Граѓанска платформа (лево) го фрлила в затвор и го „малтретирала“

„И тоа е причината зошто Адамович мора да умре”, извика човекот.

На должноста градоначалник, 53-годишниот Адамович е од 1998 година, а Граѓанската платформа го поддржа неговиот реизбор на локалните избори есента 2018 година. Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, полскиот претседател Анджеј Дуда и премиерот Матеуж Моравицки веднаш изразија солидарност со Адамович.

Треба да знаете
Последни објави