Search

Порошенко објави формирање автокефална Украинска православна црква

Украинскиот претседател Петро Порошенко денеска го објави создавањето на автокефална православна црква на Украина.

-Им честитам на сите создавањето автокефална православна црква на Украина, основана сега во црквата Света Софија. Овој свет ден ќе влезе во историјата како ден на создавањето на обединета автокефална црква во Украина, денот на нашата конечна независност од Русија, рече Порошенко, обраќајќи им се на присутните на плоштадот пред црквата по соборот за обединување.

Учесниците во денешниот црковен собор за обединување обединет во Киев го избраа  Митрополитот Епифаниј од Киевската патријаршија за прв човек во Украинската православна црква.

Треба да знаете
Последни објави