Search

Поранешниот американски претседател повторно во болница

Поранешниот американски претседател Џими Картер (95) бил примен во болница во текот на викендот заради инфекција на уринарниот тракт, соопшти Центарот Картер.

„Тој се чувствува подобро и со нетрпение очекува да се врати дома наскоро“, се вели во соопштението.

Картер, најстариот жив поранешен претседател на Соединетите американски држави, беше отпуштен минатата недела од болницата каде што беше хоспитализиран поради притисок на мозокот предизвикан од крварење по неодамнешните падови.

Треба да знаете
Последни објави