Search

Поради магла намалена видливоста на Попова Шапка

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по претежно влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот, информираат од Авто мото-сојузот на Македонија и додаваат дека поради ниските температури можна е и појава на голомразица.

Поради појава на магла, видливоста на Попова Шапка е намалена до 100 метри, посолуваат од АМСМ и додаваат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се влажни, па поради ниските температури, карактеристични за вечерните и утринските часови постои можност и од појава на голомразица.

На патниот правец Струга – Ќафасан, до село Франгово, поради оштетување на коловозот, брзината на движење и натаму е ограничена на 40 километри на час.

Треба да знаете
Последни објави