Search

Поради изборите МВР ќе издава лични карти денеска и утре

Министерството за внатрешни работи соопшти дека сите одделенија за управни работи ќе работат и денеска и утре.

Сите барања за издавање лична карта (оштетена, изгубена или украдена), по законски спроведената постапка, ќе се одобруваат итно во сите регионални одделенија за управни работи при Министерството за внатрешни работи, и тоа само доколку подносителот не поседува биометриска патна исправа.

Барањата за лични карти ќе се примаат и одобруваат итно заклучно со денешниот ден до 16 часот. Веднаш по примањето на апликациите за лични карти, одделот за информатика ќе ги изработува и ќе ги доставува до надлежниот сектор за навремена дистрибуција до одделенијата за управни работи. На денот на првиот круг од претседателските и локалните избори, одделенијата за управни работи ќе работат само за издавање лични карти во периодот од 7 до 19 часот.

Истото ќе важи и за вториот круг, кој ќе се одржи на 5.5.2019 година. Барањата за лични карти ќе се примаат до 4.5.2019 до 16 часот, а на денот на изборите, 5.5.2019 година, ќе се издаваат во периодот од 7 до 19 часот.

Треба да знаете
Последни објави