Search

Поради зголемените цени за паркинг: Вработените во Клинички наместо на пауза утре на протест

На иницијатива на повеќе од 200 вработени во Клинички, а со поддршка на Синдикатот утре 11.12.2018 за време на законски предвидената пауза од половина час, од 10 до 10.30 часот на хелиодромот ќе се одржи протест против одлуката на Советот на град Скопје за наплата на месечна карта од 850 денари за вработените од Клинички.

-Освен што покачувањето се одразува дирекнто на нашиот буџет, градоначалникот директно со лична изјава длабоко ни го повреди достоинството! Освен децидно неприфаќање на одлуката,, ќе понудиме предлози и здрави решенија во интерес наш , но и на пациентите! Нареден чекор, од задутре е блокирање на наплатните места за користење паркинг. Паузата е време во кое ќе покажеме дека нема повеќе да не цедите по џеб и навредувате како професионалци, велат вработените.

Градоначалникот Петре Шилегов, пк, на денешната седница на Советот на Град Скопје рече дека на Клиничкиот центар заради евтин популизам се издадени 1.500 месечни карти за кои вработените плаќаат повластени 300 денари во услови кога на паркингот има 670 места.

-За пациентите или корисниците на услугите на ЈП „Градски паркинг“ на Клиничкиот центар цената останува иста“, изјави Шилегов и додаде дека очекува намалување на хаосот, бидејќи досега граѓаните немале каде да паркираат.

Треба да знаете
Последни објави