Search

Попладнево средба Заев-Ахмети: Лидерот на ДУИ најавува владино мнозинство

Попладнево се одржува средба меѓу Зоран Заев  и Али Ахмети во собранието, која почна околу 16 часот, на која лидерите на СДСМ и ДУИ, ги договараат контурите на идната коалиција.

Ова е трета средба Заев-Ахмети од 4 август до денеска како дел од преговорите за формирање парламентарно мнозинство и влада. До овој состанок двете страни постигнаа согласност за принципите на „евентуалната заедничка владина програма“, но не и конечен договор за продолжување на заедничкото владеење

Во ексклузивна изјава за ТВ 24 пред почетокот на средбата, Ахмети рече дека нема притисок врз Заев од нивна страна.

На прашањето на ТВ 24 дали ќе формираат владино мнозинство, Ахмети кусо одговори: „ќе формираме“.

Заев пред почетокот на средбата, само кусо рече дека нема коментар во овој момент. До средбата дојде по неколку дневни контакти меѓу првите луѓе од доверба на Заев и Ахмети, Љупчо Николовски и Артан Груби.

Треба да знаете
Последни објави