Search

Положани и Буџаку потпишаа Меморандум за соработка помеѓу Универзитетот Мајка Тереза во Скопје и Центарот за управување со кризи  

Универзитетот Мајка Тереза во Скопје денеска потпиша Меморандум за соработка со Центарот за управување со кризи на Република Македонија. Двајцата потписници, ректорот на УМТ, Проф. Д-р. Азис Положани и директорот на ЦУК Агрон Буџаку по потпишувањето истакнаа дека овој меморандум создава услови за соработка во интерес на двете институции и ги поврзува областите на дејствување на Центарот за управување со кризи со студиските програми на Универзитетот “Мајка Тереза” во Скопје.

Ректор на УМ, Проф. Д-р. Азис Положани рече дека Меморандумот им овозможува на двете институции размена на научни и стручни мислења, како и искуства и практики во областа на управувањето со кризи, со што се постигнува квалитетно унапредување на обучување на кадарот во областа на управувањето со кризи.

„Универзитетот Мајка Тереза во Скопје изразува подготвеност за меѓусебна соработка со цел да ги обезбеди потребните научни анализи, планови за професионален напредок во оваа област, како и кадровски програми за потребите на Системот за управување со кризи преку Центарот за миграција и мобилноста, што функционира како дел од Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, рече Положани.

Директорот на Центарот за управување со кризи, Агрон Буџаку, го изрази задоволството од поптпишувањето на овој договор за соработка, нагласувајќи дека соработката ќе се реализира во неколку области како што се: подготовка на заеднички програми за научно-стручна обука и професионално усовршување на кадри од областа на менаџментот за управување со кризи, подготовка на заеднички проекти, анализи и проценки во областа на управувањето со кризи, заедничко учество во подобрување на законската рамка во областа на системот за управување со кризи итн.

Меморандумот за соработка со Центарот за управување со кризи, потпишан денеска, е десеттиот договор потпишан од Универзитетот Мајка Тереза во Скопје со специјализирани институции во земјата.

Треба да знаете
Последни објави