Skip to main content
Македонија

Полициска опсада во Арачиново, дронови го надгледуваат Чаир

16/12/2024  00:14

Специјални полициски единици вечерва извршуваат засилени контроли на возила кои влегуваат и излегуваат од Арачиново, објави Портал Икс.

Според информациите, полицијата извршила упад кај две криминални структури, при што се уапсени неколку лица. Истовремено, претреси се спроведени на повеќе локации во скопски Чаир и Велес, дознава 4NEWS.mk.

Според првичните податоци, најмалку едно лице во моментов е недостапно за органите на прогонот, а потрагата по него е во тек. Полицијата за таа цел користи и дронови, кои активно го надгледуваат теренот во Чаир.

Оваа акција е дел од засилените мерки за сузбивање на криминалните групи, а полицијата најавува дека ќе продолжи со оперативните активности во наредниот период. Повеќе детали се очекуваат по завршувањето на акцијата.

Screenshot