Search

Познати датумите за секоја фаза од рестартот на сезоната во НБА

Репортерот на „Атлетик”, Шамс Харанија на својот официјален профил на Твитер објави точно колку ќе биде времетраењето на секоја фаза од рестартот на сезоната во НБА, со почеток на 30 јули:

– 30 јули до 14 август – доигрување на редовната сезона
– 15 и 16 август – турнири во плејофот за да се утврдат последните учесници во плеј-офот
– 30 август – семејства и гости ќе имаат право да пристигнат во Орландо
– 31 август до 13 септември – полуфинале на конференциите
– од 15 до 28 септември – финале на конференциите
– 30 септември до 13 октомври – финале во НБА

Екипите ќе имаат можност да одржат тренинг-натпревари од 9 до 29 јули.

Странските кошаркари, кои заминаа во матичните земји ќе треба да пристигнат во своите екипи до 15 јуни.

НБА и Здружението на играчи сè уште се во разговори со другите осум екипи кои не добија право на учество.

Целта е вонсезонска програма, вклучувајќи тренинзи, кампови и многу повеќе.

Треба да знаете
Последни објави