Search

Пожар во склад за отпад во Аеродром

На 14.01.2019 година околу 07.40 часот во Полициската станица Аеродром било пријавено дека на улица „Ѓорѓи Капчев“ избувнал пожар.

Полициски службеници излегле на местото на настанот и било констатирано дека се работи за пожар на отпаден материјал во склад за отпад, сопственост на С.Д.(35).

Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита. Повредени лица нема.

Треба да знаете
Последни објави