Search

Пожарот во магацин со муниција во Северен Кипар под контрола

Пожарот предизвикан од експлозија во магацин за муниција во Северен Кипар е под контрола, соопшти денеска турското Министерство за одбрана.

Во соопштението се наведува дека експлозијата се случила во магацин за муниција под команда на турската војска во близина на пристанишниот град Кирена, околу еден час по полноќ и дека нема потешко повредени.

Покрената е истрага за да се утврди точната причина за експлозијата, се додава во соопштението.

Министерот за надворешни работи на Северен Кипар, Кудрет Озерсај на Фејсбук напиша дека неколку лица се здобиле со исеченици од скршените прозори.

Локалните медиуми јавија дека некои туристи кои престојуваат во хотелот „Акапулко” се згрижени поради мали повреди.

Треба да знаете
Последни објави