Search

Под силни безбедносни мерки е селото Нивици, грчки граѓани со автобуси одат на протест

Под силни безбедносни мерки е селото Нивици, грчки граѓани со автобуси одат на протест

Под силни безбедносни мерки е селото Нивици, каде министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, заедно со медијаторот Метју Нимиц, денеска треба да го потпишат договорот постигнат меѓу двете земји во врска со името.

На потпишувањето во Псарадес на грчка страна од Преспанското Езеро, ќе присустуваат премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас, кои на 12 јуни во телефонски разговор го потврдија договореното во преговорите, што беа обновени кон крајот на минатата година.

Засега има само неколку демонстранти на влезот на Преспа.

Грчките медиуми пренесуваат дека грчки граѓани кои не се согласуваат со договорот за името помеѓу Македонија и Грција, одат организирано со автобуси во Нивици. Нивниот протест е најавен пред неколку дена.

Треба да знаете
Последни објави